Ekip
02 Ноември 2018•Ажурирај: 04 Ноември 2018
СОФИЈА (АА) - Лидерите на четири балкански земји се договориле заеднички да се кандидираат како организатори на Светското фудбалско првенство 2030 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерите на Бугарија, Грција и Романија и претседателот на Србија, се договориле нивните земји да подготват кандидатура за да бидат домаќини на најголемиот фудбалски настан, Светското фудбалско првенство, што би се играло на најголемите стадиони во сите четири држави.
Идејата е објавена на маргините на регионалниот состанок во црноморското одморалиште Варна.
Иако Светската фудбалска федерација (ФИФА) сè уште не го отвори натпреварот за домаќин на Мундијалот 2030 година, три јужноамерикански земји, Аргентина, Парагвај и Уругвај веќе ги промовираат кандидатурите.
Исто така, официјалните претставници на Фудбалската федерација на Англија, започнаа изработка на студија за изводливост на кандидатурата во партнерство со Шкотска, Велс, Северна Ирска и Република Ирска.