Tuba Şahin
26 Декември 2018•Ажурирај: 26 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - „Мерките што досега ги презедоа турските власти се исклучително позитивни“, истакна денес челникот на Турската асоцијација за индустрија и бизнис (ТУСИАД), Ерол Билеџик.
Говорејќи на финансискиот деск при Anadolu Agency (AA), Билеџик рече дека тешкотиите поради шпекулативните напади во август беа надминати благодарение на стимулациите.
„Бизнис-заедницата е задоволна од стимулациите што ги дава Владата“, нагласи Билеџик.
Тој додаде дека ТУСИАД предвидува дека турската економија следната година ќе доживее раст за еден отсто, а стапката на инфлација ќе биде околу 17 отсто.
Според најновите податоци од турскиот Институт за статистика, годишната инфлација во Турција во месец ноември изнесувала 21,62 отсто.
Како што е наведено во новата економска програма на Турција објавена во септември, целната инфлација на земјата за оваа година изнесува 20,8 отсто, 15,9 отсто за следната година, 9,8 отсто за 2020 година и 6 отсто за 2021 година.
„Турската економија има раст од 1,6 отсто во однос на третиот квартал минатата година“, објави ТуркСтат на 10 декември. Според новата економска програма, властите планираат следната година да се достигне стапка на економски раст од 2,3 отсто, во 2020 година стапка на раст од 3,5 отсто и 5 отсто во 2021 година.