Mücahithan Avcıoğlu
01 Јуни 2026•Ажурирано: 01 Јуни 2026
Меѓународниот аеродром „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул забележа најголем број летови на дневно ниво, со 894 домашни и меѓународни полетувања и слетувања на последниот ден од празникот Курбан бајрам, соопштија денес аеродромските претставници, јавува Анадолу.
Според соопштението на ХЕАС, оваа бројка означува најголем број летови во еден ден во историјата на аеродромот.
Рекордниот број летови беше менаџиран без прекини преку координација помеѓу ХЕАС и операторот на терминалот на „Истанбул Сабиха Ѓокчен“ (ISG), се вели во соопштението.
ХЕАС ги надгледуваше оперативните процеси, како и услугите за контрола на воздушниот сообраќај, раководењето со платформата, техничката инфраструктура и безбедноста на воздушниот простор.
Тимовите на „Истанбул Сабиха Ѓокчен“ менаџираа со операциите на терминалот 24 часа на ден за време на празничниот период, вклучително и безбедноста, одржувањето, помошта на патниците и други услуги за клиентите.
Аеродромот соопшти дека рекордот ги истакнува растечкиот оперативен капацитет, стратегиската позиција и технолошката инфраструктура на „Сабиха Ѓокчен“.