İlkay Güder
24 Април 2018•Ажурирај: 24 Април 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, порача дека е нужно да го делат свесниот и морален став на турскиот народ да ја дели и да се сочувствува со болката на ерменскиот народ, која ја доживеал низ историјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Кабинетот на турскиот претседател соопшти дека Ердоган испрати писмена порака до Ерменската патријаршија во Истанбул.
Упатувајќи срдечни честитки до патријархот Арам Атешијана и до сите членови на ерменската заедница, Ердоган во пораката истакна дека во истанбулската Ерменска патријаршија се одржува собирање по повод сеќавањето на османлиските Ерменци, убиени во тежок и мачен период на Првата светска војна.
Оддавајќи почит на сите настрадани Ерменци во тој период, Ердоган изрази сочувство до нивните преживеани потомци.
Турскиот претседател им оддаде почит и на милионите Османлии, кои настрадаа во епидемии, миграции и судири за време на Првата светска војна.
„Во текот на историјата, не ги разделувавме и споредувавме болките и страдањата, туку само луѓето кои секогаш ги делеа и сочувствуваа. Им помогнавме на луѓето кои живееја на наша територија, но трчавме напомош на сите луѓе кои бегаа од Андалузија во Африка и од Јужна Азија во Европа. Не ја гледавме нивната вера, јазик, верувања, ниту етничкиот и културен идентитет. Ние сè уште го негуваме тоа наследство и работиме на зајакнување на братството, разбирањето, мирот и спокојството“, рече Ердоган во пораката.
Турскиот претседател понатаму рече дека ќе продолжи да ја дели болката и да сочувствува со ерменските граѓани и дека ќе продолжи да работи на решавањето на нивните проблеми.
„Нема да дозволиме дискриминација или различен однос кон ниеден наш граѓанин врз основа на неговата религиозна или друга припадност. Убеден сум дека нашите ерменски граѓани и понатаму ќе го зголемуваат придонесот за развојот на културата, политиката, трговијата и во сите области на животот“, рече Ердоган.
Претседателот на Турција, Ердоган, на крајот од пораката го повтори апелот и ги повика Ерменците со заеднички напори да не дозволат успех на оние кои сакаат да го делат заедничкото минато и да предизвикаат одмазда, омраза и раздор меѓу луѓето.
„Уште еднаш им оддавам почит на сите османлиски Ерменци загинати за време на Првата светска војна и упатувам искрени честитки до присутните“, рече Ердоган на крајот од пораката, упатена до Ерменската патријаршија во Истанбул.