Tuba Şahin
07 Март 2019•Ажурирај: 07 Март 2019
АНКАРА (АА) - Патниците на „Туркиш ерлајнс“ („Turkish Airlines“) отсега ќе имаат бесплатен дигитален пристап до над 7.000 светски медиуми од над 120 земји, благодарение на соработката со компанија за дигитални весници, јавува Anadolu Agency (AA).
„Патниците што летаат со „Туркиш ерлајнс“ ќе имаат неограничен пристап до целиот каталог на „ПресРидер“ (PressReader), 48 часа“, се вели во соопштението на авиопревозникот.
Медиумските содржини ќе бидат понудени на над 60 јазици за да им овозможат на читателите лесно да пристапат до содржини што одговараат на нивните потреби и интереси.
„Како што продолжуваме да ги поврзуваме културите и да ги премостуваме континентите низ нашата мрежа, среќни сме што можеме да ги понудиме услугите на „ПресРидер“, со цел нашите патници да останат поврзани со глобалните вести и информации“, рече Илкер Ајџи, челникот на „Туркиш ерлајнс“.
Алекс Крогман, извршниот директор на „ПресРидер“, истакна дека има вистинска промена во начинот на кој потрошувачите и индустријата размислуваат за содржината на вестите и списанијата.
„Сега тоа е дел од доживувањето од патувањето“, рече тој.
Основана во 1933 година, компанијата „Туркиш ерлајнс“ со флотата од 338 авиони (патнички и карго), лета на вкупно 306 дестинации во 124 земји.