Tuba Onğun
09 Март 2022•Ажурирај: 11 Март 2022
АНКАРА (АА) - Националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ откажа околу 205 лета кои требаше да полетаат в четврток, откако беа прогнозирани обилни врнежи од снег во Истанбул.
„Поради очекуваните лоши временски услови во Истанбул, некои од нашите летови од и до аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Ѓокчен“, планирани да полетаат на 10 март, се откажани“, вели авиокомпанијата во денешното соопштение.
Откажувањето вклучува околу 114 домашни и 71 меѓународен лет на „Туркиш ерлајнс“ од и до Аеродромот „Истанбул“ и околу 20 домашни лета од „Анадолу џет“ од и до Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, главниот воздушен центар во Истанбул на азиската страна на градот.
„Бројот на откажувањата најверојатно ќе биде зголемен поради временските услови“, додаде авиопревозникот.