Gökhan Çeliker
18 Август 2026•Ажурирано: 18 Август 2026
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан телефонски разговараше со катарскиот премиер и министер за надворешни работи шеик Мухамед бин Абдулрахман ал-Тани и со сирискиот министер за надворешни работи Асад Хасан ал-Шејбани, соопштија извори од Министерството за надворешни работи, јавува Анадолу.
Фидан со шеикот Мухамед разговараше за ситуацијата во Ормускиот Теснец, а со Ал-Шејбани беа разгледани најновите случувања во регионот, додаваат изворите.
Засега не се достапни дополнителни детали за разговорите.