Asiye Latife Yılmaz
04 Октомври 2025•Ажурирај: 05 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Онџу Кечели, денес изјави дека се очекува 36 турски државјани што израелските сили ги држат на бродовите на Глобалната флотила „Сумуд“ во меѓународни води, да се вратат во Турција попладнево со специјален лет, известува Анадолу.
„Конечниот број сè уште не е утврден. Продолжуваме со нашите напори што е можно поскоро да ги завршиме процедурите за преостанатите граѓани да можат да дојдат во Турција“, објави Кечели на американската компанија за социјални медиуми X.
Тој додаде дека планираниот лет ќе превезува и државјани на трети земји.