Izzet Taskiran
14 Јануари 2017•Ажурирај: 15 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во текот на изминатата 2016 година, аеродромите во Истанбул „Ататурк" и „ Сабиха Ѓокчен" се користени од страна на околу 89,7 милиони патници, се наведува во податоците на Генералната дирекција за управување со аеродромите во Република Турција (ДХМИ), јавува Anadolu Agency (AA).
Кога станува збор за дојдовни и појдовни летови од ДХМИ наведуваат дека минатата година во однос на 2015 година е забележан пораст.
Во 2016 година од аеродромот „Ататурк" полетаа 466.227 авиони од кои 324.492 беа на меѓународни релации. Аеродромот „Сабиха Ѓокчен" искористил 230 471 авиони, од кои на меѓународни релации се евидентирани 84.425 авиони.
Во споредба со 2015 година, бројот на авиони кои се кориселе на аеродромите во Истанбул во 2016 година е зголемен за 12.766.
Во текот на 2016 година аеродромот „Aтатурк" го искористиле 60.119.215 патници, од кои повеќе од 41 милиони се регистрирани на меѓународни релации. Аеродромот „Сабиха Ѓокчен" бил користен од 29.577.735 патници, од кои на меѓународни релации отпаѓаат малку повеќе од 9,4 милиони патници.
Според податоците, двата аеродроми во Истанбул во 2016 година беа користени од 89.696.950 патници.