Jeyhun Aliyev
25 Декември 2018•Ажурирај: 26 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана денес изјави дека подготовките за антитерористичката операција во Сирија се одвиваат според планираното, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар, исто така изјави дека во претстојните денови ќе се одржат разговори со официјални претставници на САД во врска со мапата на патот за Мунбич.
„Работата на мапата на патот за Мунбич продолжува интензивно“, изјави Акар за новинарите пред состанокот на парламентарната група на Партијата за правда и развој (АК Партија) во Анкара.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, претходно изјави дека САД се согласиле да ја завршат мапата на патот за Мунбич пред да завршат со повлекувањето на своите трупи од Сирија,
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека прекуграничната операција против терористичката група ПЈД/ЈПГ во Сирија ќе се случи наскоро. Од 2016 година, Анкара има спроведено две слични воени операции во северна Сирија.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела даде изненадувачка изјава дека САД ќе ги повлечат своите војници од Сирија. Акцијата следи по телефонскиот разговор на Трамп со Ердоган, во кој двајцата лидери се согласија за потребата за поефикасна координација над граѓанската војна.