Beyza Binnur Dönmez
02 Март 2019•Ажурирај: 03 Март 2019
АГРИ (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, изјави дека Турција ќе го победи тероризмот во земјата и странство, јавува Anadolu Agency (AA)
„Терористите во земјата во поголем дел се неутрализирани“, изјави Акар за групата ветерани и семејства на шехиди во источната област Агри.
„Нема да дозволиме никаков терористички коридор во Северна Сирија“, изјави Акар, осврнувајќи се на ЈПГ/ПКК, за која Турција вети дека ќе покрене операција.
„Целиот свет го знае тоа“, рече Акар, додавајќи дека во тој коридор мора да има турски војници за безбедноста на нацијата.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската вооружена кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.