Barış Gündoğan,Esin Işık
24 Август 2017•Ажурирај: 25 Август 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Партијата за национално движење МХП, Девлет Бахчели, за одлуката на Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак (IKBY) да одржи референдум на 25. мај, изјави: „Потребно е Барзани до крај да застане против подготовките за референдумот што треба да ги опфати и туркменските градови. Треба да знае дека овој референдум е проба за Курдистан. Овој референдум во потполност е против Туркмените и против Турција. Може да се смета дека овој референдум за Турција може да биде доволна причина за војна“, јавува Anadolu Agency (AA).
- „МХП околу надворешната политика стои покрај владата и државата“
Претседателот на МХП, Бахчели, изјави: „Турскиот народ не е објект за германски шлаканици, торба со песок за удари, стрес-топка. Турскиот народ не е беспомошно момче кое ќе го прекориш кога ќе ти биде досадно. Овој народ не е беспомошна, ниту пак сирова толпа. Секој треба да си ја знае мерката. Република Турција не е шаторска земја во која мавтајќи со прст ќе си ги спроведете замислите. Затоа, МХП во надворешната политика стои покрај владата и државата, бидејќи смета дека политиката што се води кон Германија е исправна и искрено ја поддржува“.
„Германските политичари се апсурдни и направија грешки при арбитражата во внатрешната политика, дадоа скандалозни изјави, неодговорно застанаа покрај терористичките организации и нивните поддржувачи, зазедоа погрешни ставови, нешта кои не можеа да ни избегаат од видик. Германија по потреба е демократска, по потреба анархистичка, по потреба зазема став на развиена земја, но фатена е на дело како под рака им дава финансиски придонес и поддршка на терористичките организации, нешта кои не е можно да се прикријат. ФЕТО е во Германија, ПКК поставува темели во Германија. Се чува мистеријата на кој начин терористот Адил Оксуз ја напуштил Турција, по кои патишта и со кои средства е извлечен од земјата, а мистерија е и со кого телефонски раговарал“, рече Бахчели во својата изјава.