Seyit Ahmet Aytaç
20 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот вицепремиер Бекир Боздаг изјави дека Турција утре треба да ги добие авионите F-35 кои ги купи од САД, јавува Anadolu Agency (AA).
„Направени се потребните контакти со Соединетите Американски Држави (САД), испораката на авионите F-35 ќе се случи утре“, изјави Боздаг денес за новинарите во централната турска област Јозгат.
Осврнувајќи се на предлог-законот на Конгресот на САД за блокирање на продажбата, тој додаде дека каков било обид да се направи продажбата условна во однос на ослободувањето на Ендрју Брансон, американскиот свештеник кој се соочува со обвиненија за тероризам во Турција, се сведува на закана.
Доставувањето на авионите изработени од компанијата „Lockheed Martin“ треба да се одржи на церемонија во Тексас.