Cansu Dikme
22 Јуни 2018•Ажурирај: 23 Јуни 2018
АНКАРА (AA) – Во Анкара во петок се уапсени 14 лица за кои се сомничи дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на изворот кој сакаше да остане анонимен, единиците за борба против тероризмот изведоа рации истовремено на неколку локации во главниот турски град и уапсија осомничени кои, како се наведува, подготвувале терористички напад пред претстедателските и парламентарните избори на 24 јуни во Турција.
Изворот нагласи дека сите уапсени се странски државјани и дека се однесени во Дирекцијата за безбедност на испрашување.
Повеќе од 300 луѓе се убиени во Турција во нападите за кои одговорност презеде ДЕАШ. Мета на терористичката организација во самоубиствените, ракетни и оружени напади беа цивили.
Турските безбедносни сили долго време водат кампања чија цел е спречување на терористички напади на ДЕАШ.