Hatice Özdemir Tosun
20 Ноември 2018•Ажурирај: 21 Ноември 2018
АНТАЛИЈА (АА) – Во ископувањата спроведени во античкиот град Патара кој се наоѓа во областа Каш во Анталија, откриен е викиншки меч кој датира од 9 или од 10 век.
Проф. д-р Хава Ишкан Ишик, раководителка на Одделот за археологија при Универзитетот „Акдениз“ и раководителка на ископувањето во античкиот град Патара, некогашен главен град на Ликискиот Сојуз, за Anadolu Agency (AA) изјави дека во ископувања учествува 30 години и дека била сведок на откривање значајни откритија со научен аспект.
Проф. Ишик, за истражувањата во врска со откриениот меч во регионот на пристанишниот амам (бања) вели дека ги прави нејзиниот асистент, д-р Фејзула Шахин, професор на Одделот за археологија од Катедрата за класична археологија при Универзитетот „Демократија“ во Измир. Ишик изјави дека како резултат на истражувањата е утврдено дека се работи за викиншки меч кој потекнува од 9 или од 10 век.
Проф. д-р Ишик нагласи дека во досегашните истражувања, остатоци од материјалната култура на Викинзите во Анадолија за првпат се откриени пред 8 години во ископувањата во местото Јумуктепе во Мерсин.
„Откривање на викиншки меч во Медитеранот, во пристаништен град е од големо значење за науката. Тој предмет е значаен за историјата на античкиот град Патара. Во овој случај може да се коментира за воените односи и трговските врски“, рече проф. Хава Ишкан Ишик.
Исто така, тој наведе дека мечот дава сознанија (знаци) за Викинзите кои му служеле на Источното Римско Царство. Истакнувајќи дека пронајдениот меч им припаѓал на викиншките војници, таа посочи дека тоа наведува на идејата за служењето на овие војници за Источното Римско Царство во времето на поморските битки. Мечот е сочуван, а неговата должина изнесува 43,2 сантиметри.
Проф. д-р Ишик, за пронајдениот предмет ги даде следните информации:
„Според првата хронолошка студија за викиншките мечеви што ја има направено Џ. Петерсен, овој меч, според особините на рачката на мечот, топузот и зашилениот дел, спаѓа во „К“ или „О“ тип на мечеви.“
Професор Ишик посочи дека е можно мечот да биде оставен на гробот на некој Вареги (платеници кои се бореле за Византијците). Таа, исто така смета дека според истражувањата, викиншките мечеви во дрвена обвивка се оставале на гробовите како дар за починатиот.