Servet Günerigök
30 Ноември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
МАРДИН (АА) – Шестмина убиени терористи на ПКК и еден војник на турската армија е исходот од одделните инциденти што се случија денес во југоисточна Турција, изјави турската армија, јавува Anadolu Agency (AA).
Тројца терористи на ПКК се убиени при акција на турската војска против група на ПКК во покраината Мардин, областа Дерик, во која загина и еден војник, изјавија од турската армија.
Турската војска додаде дека во друг одделен судир во престрелка убиени се тројца припадници на ПКК во југоисточната провинција Ширнак, откако врз патролната полиција е отворен оган.
Во нападот се вели дека биле користени ракетни гранати и друго тешко вооружување.
ПКК се смета за терористичка организација од страна на Турција, САД и ЕУ, а својата вооружена кампања ја продолжи во јули.