Muhammed Boztepe
09 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Началникот на генералшабот на Турција, генерал Хулуси Акар од авион ги следеше активностите на турската војска во операцијата ‘Маслинова гранка’ во подрачјето на сирискиот град Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Во придружба на генералот Акар се наоѓаат и командантите на турските сили кои успоешно ја спроведуваат акцијата во северниот дел на Сирија.
Операцијата во Африн започна на 20. јануари, во согласност со правото на Турција, засновано на меѓународното право и разолуциите на Обединетите нации, особено на оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51. од договорот на ОН, односно „правото на самоодбрана“. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите приврзани на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година без борба на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на оваа терористичката организација.