Ekipa
09 Март 2025•Ажурирај: 10 Март 2025
ТУНЏЕЛИ (АА) - Подрачјето каде што се наоѓаат историскиот замок Пертек, Могилата Тозкопаран, мостот Дерели во Тунџели, Туркије, привлекува внимание и со својот див свет, јавува Анадолу.
Областа на брегот на езерото Кебан, секое лето е домаќин на птици како што се корморанот, чапјата, копачката штркот и други видови.
Два штрка кои дојдоа во округот пред повеќе години почнаа да живеат правејќи гнездо од гранки од дрвјата на столб за струја во населбата Каледиби.
Штрковите, кои станаа маскоти на соседството со својот симпатичен изглед, последните 6 години не мигрирале во топлите краишта наесен и зимските месеци ги поминуваат во областа.
Според мештаните, причината што штрковите не заминале е повредата на еден од нив поради што не можел да се приклучи на „караванот“, па останале во своето гнездо и таа есен, а и наредните пет години.
Штрковите се хранат во мочуриштата во текот на денот и се враќаат во гнездата на зајдисонце за да се заштитат од нападите на предатори.
Кога паѓа снег во зима, велат мештаните и самите изненадени, штрковите седат во гнездата под обилните снежни врнежи.