Barış Seçkin
03 Август 2016•Ажурирај: 03 Август 2016
РИМ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во врска со обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО, говореше за италијанскиот канал „Раи-њуз24”, притоа упатувајќи критики до Федерика Могерини, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Г-ѓа Могерини, пред сè, не требаше да зборува како некој однадвор. Првин требаше да дојде во Турција. Во оваа пригода ја прашувам: каква би била реакцијата доколку беше бомбардиран Парламентот на Италија”, рече Ердоган.
Да потсетиме, Могерини претходно изјави дека ЕУ е загрижена со развојот на настаните откако Турција воведе вонредна состојба. Ердоган истакна дека многумина во Европа не знаат доволно за терористичката организација ФЕТО.
„Оние кои даваат вакви изјави сè уште не знаат за каков вид на структура станува збор. Оваа структура е слична на италијанската ложа П2. Тоа е таква структура. И, се разбира, дека овде се работи за криминална структура. Тие делуваа под маската на религијата", рече Ердоган.
Тој додаде дека сè уште никој од Европската Унија не ја посетил Турција за да се уверат во размерите на обидот за пуч. „Досега, за жал, никој од Европа, ниту од ЕУ, ниту од Советот на Европа, не беше во посета на Турција. Не дојдоа да изразат сочувство и да ја видат состојбата во која се наоѓа Парламентот”, рече турскиот претседател.
Ердоган истакна дека ФЕТО влегол во сите пори на државните структури во Турција.
„Тие се сместија во вооружените сили, во полициските структури, во судството. Затоа, потребно е да се исчистат вирусите што се сместија во сите државни институции”, рече Ердоган за италијанскиот канал.
На крајот од својата изјава нагласи дека турските власти по електронски пат испратиле одредена документација до САД во врска со барањето за испорачување на Фетула Ѓулен, лидерот на ФЕТО.