Seyit Ahmet Aytaç
27 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган во врска со постигнатото помирување меѓу Турција и Израел изјави дека преку Турција како посредник, на луѓето во Појасот Газа ќе може да им се достави секој вид на помош, јавува Anadolu Agency (AA).
„Почнувајќи од храната, здравството и сместувањето, како основни потреби, преку Турција како посредник, на луѓето во Појасот Газа ќе може да им се достави секој вид на помош. Се надевам дека ќе успееме пред Бајрам, на загрозените во Газа од Турција со 14 тонски брод да им испорачаме помош во храна, облека и обувки“, изјави претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.