Esra Tekin
08 Септември 2025•Ажурирај: 09 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја истакна солидарноста на Турција со палестинскиот народ посочувајќи дека „Владата на (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху целосно излезе од колосек“, јавува Анадолу.
„Во овие турбулентни денови кога владата на Нетанјаху целосно излезе од колосек, ние стоиме покрај угнетениот народ на Газа со сите средства што ни се на располагање“, рече Ердоган во своето обраќање до нацијата по претседавањето со состанокот на Кабинетот.
Осврнувајќи се на нуклеарната централа „Аккују“ во Турција, која има вкупен инсталиран капацитет од 4.800 мегавати, Ердоган рече дека земјата ќе „ја сврти својата среќа“ со пуштањето во употреба на централата.
Тој во обраќањето рече дека Турција ја потпишала Конвенцијата за права на децата во дигиталниот свет.
„Направивме значаен чекор за децата од нашата земја и светот. Сакаме да ја подигнеме глобалната свест со потпишувањето на Конвенцијата за правата на децата во дигиталниот свет.“