Sefa Şahin
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави порака на сочуство по повод годишнината од земјотресот во регионот Мармара (Мраморниот регион), кој се случи на 17 август 1999 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган упати сочуство точно во 03.02 часот, кога се случи разорниот земјотрес со јачина од 7,4 степени по Рихтер, преку Твитер.
Тој потсети дека земјотресот кој однесе речиси 17.000 животи, а над половина милион луѓе останаа без своите домови, траел 45 секунди.
„Уште еднаш нека почиваат во мир нашите граѓани кои ги загубија животите во земјотресот кој се случи на 17 август 1999 година и уште еднаш упатувам сочуство до нивните најблиски. Одлучно ќе продолжиме да преземаме мерки со сфаќањето дека луѓето ги убива невнимателноста, а не земјотресот“, наведе Ердоган.
Низ цела Турција се одржуваат различни програми во рамки на одбележувањето на годишнината од земјотресот во Мармара.