Yıldız Aktaş
17 Декември 2016•Ажурирај: 17 Декември 2016
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во петок на Твитер профилот наведе дека примирјето и евакуацијата од Алепо е последна надеж за луѓето во тој сириски град, јавува Anadolu Agency (AA).
„Примирјето во Алепо постигнато со силни напори на Турција, како и продолжување на евакуацијата се можеби последната надеж за недолжните луѓе во тој град", истакна Ердоган.
Во пораката, објавена на неколку светски јазици, турскиот претседател ја повикува меѓународната заедница да им помогне на цивилите во Алепо
„Ги повикувам сите страни и меѓународната заедница да го почитуваат постигнатото примирје и да пружат поддршка на процесот на евакуација. Турција не му сврте грб на народот на Алепо, ниту тоа ќе го направи По секоја цена ќе направиме се што е во наша моќ за да спасиме барем и еден живот", наведе Ердоган.
Потсетуваме, со посредство на Турција во вторник вечерта е постигнат договор за прекин на огнот и евакуација на цивилите од истокот на Алепо кон Идлиб.
Првиот конвој со 200 ранети дојде вчера во дел од градот кој го контролираат силите на сирискиот режим, а потоа со зелените автобуси ја помина четири километри одалечената периферија на градот која е под контрола на опозициските сили.