Vesna Besiç
28 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
КАПАДОКИЈА (АА) - Кападокија, во општината Ѓореме, е една од најпознатите туристички дестинации во Турција каде се спојува убавината на природата и историјата, формирајќи еден од најубавите предели на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Пределот ги доби најубавите бои на есента во кои уживуаат голем број на туристи од сите делови на светот. Посебно доживување за нив е тоа што овој крај, кој е на листата на светско наследство на УНЕСКО, можат да ја гледаат оваа убавина од балоните кои се главна атракција на ова турско место.
Инаку временските услови на тоа подрачје дозволуваат околу 300 годишни возење со балоните. Во градот Ѓореме живеат 2.100 лица. Се случува во утринските часови на небото да летаат и до 100 балони. Секој балон може да вози до 20 лица. Годишно Кападокија ја посетуваат околу 2,5 милиони туристи.
Луѓето во текот на историјата во Кападокија оставија траги на сопствена цивилизација, градејќи куќи во карпите и претворајќи ги во ремек дела на човековата цивилизација.