Gizem Nisa Çebi
16 Мај 2025•Ажурирај: 16 Мај 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Заврши трилатералниот состанок на високо ниво меѓу делегациите на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Украина во Истанбул денес под водство на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јавува Анадолу.
САД беа претставени од државниот секретар Марко Рубио, амбасадорот во Турција, Том Барак, и специјалниот претставник за Украина, генерал Кит Келог.
Во делегацијата на Украина беа и Андриј Јермак, шеф на претседателскиот Кабинет, министерот за одбрана Рустем Умеров и министерот за надворешни работи Андриј Сибиха.
Трилатералниот дијалог е фокусиран на мирно решавање на војната меѓу Русија и Украина.
Трилатералниот состанок меѓу Турција, Русија и Украина, кој ќе се одржи на иста локација, е закажан да почне во 12:30 часот.