Harun Kutbe
01 Декември 2021•Ажурирај: 03 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Започна традиционалното гласање во изборот на најдобри фотографии на фоторепортерите на Агенција Анадолија (АА) за 2021 година.
Избор за најдобра фотографија во рамките на АА за првпат е одржан во 2012 година, а и оваа година ќе бидат избрани фотографии во три категории. Најдобрите фотографии во категориите „вест“, „живот“ и „спорт“ се бираат помеѓу 67, оние кои влегоа во потесниот избор од 825.000 фотографии.
Станува збор за јубилејниот десетти избор за најдобри фотографии на Агенција Анадолија, кои фоторепортерите на АА ги направиле на подрачјата на Турција, Авганистан, Палестина, Сирија, Ирак, Јемен, Шпанија, Италија, Исланд, Унгарија, Белорусија, Русија, САД, Канада, Јапонија, Индонезија, Бангладеш, Колумбија, Бразил и други делови на светот.
Во категоријата „вест“, во најтесниот круг се наоѓаат 26 фотографии, во категоријата „живот“ - 24 и во категоријата „спорт“ - 17 фотографии.
Во процесот на гласање за најдобра фотографија на АА секоја година учествуваат и претставници од бројни земји, како и други познати личности од јавниот живот.
Фотографиите кои се наоѓаат во најтесната конкуренција за најдобра фотографија достапни се за гласање на интернет-страниците „aa.com.tr/yilinfotograflari“ и „aa.com.tr/photooftheyear“.
Гласањето ќе трае до 31 декември, а фотографиите се претставени со титли на турски и англиски јазик.
Во минатогодишното гласање учествуваа 394.624 лица.