Ömer Olcay
26 Август 2023•Ажурирај: 29 Август 2023
АНКАРА (АА) - Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала ја потресе турската област Кахраманмараш, известува Анадолу.
Земјотреесот е регистриран во 11:58 часот по локално време.
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Туркије информираше дека земјотресот бил со интензитет од 4,1 степен.
Епицентарот на земјотресот бил во квартот Нурхак во градот Кахраманмараш, во истоимената турска област, на длабочина од 6,99 километри.