АНКАРА (АА) - Од 2014 година, Anadolu Agency (AA) ги пренесува во земјата и надвор од неа резултатите од исходите на 6-те избори и референдумот од 16 април во Турција. АА, исто така, продолжи да биде извор и за резултатите за градоначалник на Истанбул, одржани вчера на 23 јуни.
На вчерашните избори за градоначалник на Истанбул, со освоени 54,21 отсто од гласовите победи кандидатот на Националната алијанса, Екрем Имамоглу. На тој начин, Имамоглу во историјата го запиша своето име како 17-ти градоначалник на Истанбул. Со објавување на вчерашните резултати, завршија и 3-месечните дебати околу изборите во Истанбул.
Anadolu Agency (AA) ги сподели резултатите од гласањето со своите претплатници пред укинувањето на забраната за објавување од Врховната изборна комисија на Турција (YSK). По укинувањето на забраната од Врховната изборна комисија, преку интернет-страницата „secim.aa.com.tr“ резултатите беа директно проследени до граѓаните.
Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АА, Шехол Казанџи, во својата изјава истакна дека по укинувањето на забраната Агенцијата ги пренесе најновите резултати до стотици домашни и странски медиумски организации. Казанџи, исто така, нагласи дека најважниот извор на вести за време на изборите, АА, минатата ноќ за 2,5 часа пренесе 99 отсто од обработените податоци до своите претплатници.
- „Ние ја исполнивме нашата должност да ја информираме јавноста“ -
Казанџи, истакнувајќи дека оваа година имале 2.250 претплатници за добивање податоци од гласањето, рече дека АА истовремено подготвува вести на 13 јазици и ги пренесува низ целиот свет.
Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на АА нагласи дека за точно и брзо пренесување на резултатите од изборите во Турција, формирале посебни екипи.
Тој, исто така, рече дека Европа, Соединетите Американски Држави (САД) и арапските медиуми ги следеле резултатите од изборите преку Anadolu Agency (AA).
„Ние ја исполнивме нашата должност да ја информираме јавноста“, рече Казанџи, додавајќи дека резултатите од изборите во Истанбул до претплатниците биле споделени и со графикони.
Како и на претходните избори, Anadolu Agency ги сподели информациите од гласањето до пребројувањето на 99 % од гласовите, а соопштувањето на информацијата за преброените 100 % од гласовите ѝ го препушти на Врховната изборна комисија на Турција.
Во однос на причината за официјалното соопштување на резултатите од страна на Врховната изборна комисија на Турција, Казанџи истакна:
„Anadolu Agency ги собра информациите и податоците од гласачките кутии поставени во училиштата и им ги презентираше на претплатниците и на јавноста. Овие податоци се резултат на информациите заведени во записниците и АА им ги пренесува на претплатниците. Надвор од ова, резултатите од гласањето во мобилните гласачки кутии и гласањето во затворите може да го види само Врховната изборна комисија. Затоа, на секои избори АА останува на ниво од околу 99 %. И на вчерашното гласање, АА застана на бројката од 99,37 %, и за да се види конечниот резултат се чекаше соопштението од Врховната изборна комисија. Неофицијалните конечни резултати Врховната изборна комисија ги објави утрово. Доколку внимателно се погледнат вредностите што ги објави Врховната изборна комисија, може да се забележи дека податоците што ги објави АА се совпаѓаат со податоците што ги објави Врховната изборна комисија. И од двете страни, процентот на освоените гласови на кандидатите за градоначалник се: кандидатот на Националната алијанса, Екрем Имамоглу, освои 54,21 % од гласовите, а кандидатот на Народната алијанса, Бинали Јилдирим, 44,99 %.“
Казанџи порача дека известувањето на јавноста за изборите за градоначалник на Истанбул АА го спроведуваше многу успешно.
„На 31.342 гласачки места гласаа 10.560.963 избирачи. За кус период од околу 2,5 часа, без доцнење, информирањето за толку голем број податоци е голем успех. Нема друг медиум во светот кој може да го стори тоа. Дури и во најразвиените земји се објавуваат само излезните анкети, а АА на секои избори ги пренесува податоците од избирачките места низ цела Турција и е пример за известување“, рече Казанџи.
Тоа што зборува дополнително за успехот е фактот дека и овојпат, како и во претходните случаи, во потполност се преклопуваат податоците на АА со оние што ги објави Врховната изборна комисија.
„Ѝ честитам на целата екипа на овој успех кој придонесува за нашиот демократски живот, а должен сум да му се заблагодарам и на техничкиот персонал кој овозможи беспрекорна оперативна работа“, рече Казанџи.
Тој порача дека Anadolu Agency (AA), во согласност со целите кои во 1920 година ги поставил Мустафа Кемал Ататурк, ќе продолжи да работи на тоа одлучно да ги штити интересите на Турција и да биде глас на народот на Анадолија.
news_share_descriptionsubscription_contact
