Sertaç Bulur
13 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
АНКАРА
Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, истакна дека се надева дека ќе продолжи да ѝ служи на нацијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сојлу, во објавата на својот профил на социјалните мрежи истакна: „Ставот на нашата нација и на нашиот претседател, по мојата одлука за оставка, ме засрами.“
Министерот Сојлу во својата објава нагласи:
„Фактот дека нашиот недостаток беше прифатен како човечка состојба од државата и нацијата, ја зголеми нашата одговорност. Господ да не нѐ посрамоти. Ќе продолжиме да му служиме на народот.“
Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, синоќа соопшти дека поднесува оставка од својата функција, поради мерката што ја донесе полициски час да се спроведува за време на викендот.
По неговата одлука за напуштање на министерската функција, Одделот за комуникации при турското Претседателство соопшти дека оставката на турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, не е прифатена, и дека тој ќе продолжи да ја извршува функцијата.