Satuk Buğra Kutlugün
19 Август 2017•Ажурирај: 20 Август 2017
АНКАРА/ДИЈАБАКИР (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа петмина терористи на ПКК во источна и југоисточна Турција, соопштија денес воените и безбедносните сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Турските вооружени сили се вели дека најмалку четири терористи кои планирале терористички напад во подрачјето Башкале во областа Ван, биле неутрализирани во воздушна операција во раните утрински часови денес.
Исто така во подрачјето Хани во Дијабакир од страна на безбедносните сили е неутрализиран уште еден терорист на ПКК, вели извор на жандармеријата под услов да остане анонимен.
Жандармеријата исто така заплени и пушка M16, две рачни гранати и едно воки-токи, додава изворот.
Повеќе од 1.200 лица, вклучувајќи лица на безбедносние сили и цивили, ги загубија своите животи откако ПКК која се наоѓа на листа на терористички организации од страна на Турција, САД и ЕУ ја продолжи долгодецениската кампања во јули 2015 година.