?????? ?????
13 Ноември 2015•Ажурирај: 14 Ноември 2015
ЕДРЕНЕ, Турција (АА) - Бугарската амбасадорка во Анкара, Надежда Нејнски, рече: „Кризата со бегалци нè тестира нас но ваквите времиња ни даваат и различни можности. Ние сме соседни земји. Заедно учествуваме во НАТО“, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадорката Нејнски беше во посета на гувернерот на Едрене, Дурсун Али Шахин. После состанокот зад затворени врати, Нејнски заедно со гувернерот Шахин ја посети Дирекцијата за Управување со Миграција - Центар за Репатријација на бегалците во Едрене, каде што Нејнски доби информации од надлежните органи за состојбата со барателите на азил и нелегалните мигранти.
Нејнски, во својата изјава за прашањето на новинарите потсети дека во Софија биле одржани средби за ситуацијата со бегалците и граничната безбедност на кои присуствувале надлежните од Бугарија, Турција и Грција.
Нејнски, која изјави дека е потпишан протокол помеѓу овие три земји на оваа тема, рече:
„Со протоколот меѓуграничната размена на информациите ќе се забрза така што контролата ќе биде полесна. Навистина, сообраќајот со луѓе создаде проблеми во регионот. Во овој поглед земјите не можат да дејствуваат сами. При соработка и размената на информациите ќе се одвива понормално и овој проблем ќе се реши."
Нејнски изјави дека помеѓу Турција и Бугарија има доверба и добро пријателство. Својот говор го заврши со следните зборови:
„Сакам ова пријателство и доверба да се збогати и да продолжи во корист на двете земји. Времето во кое живееме е модерно време. Кризата со бегалци нè тестира нас но ваквите времиња ни даваат различни можности. Ние сме соседни земји. Заедно учествуваме во НАТО. Бугарија е членка на ЕУ и знам дека Турција не е многу контра ЕУ. Моментално геополитиката се менува. Мислам дека Бугарија и Турција можат да најдат нови можности и можат да реализираат убави нешта. "
Нејнски и Шахин ги посетија и културно-историските знаменитости на градот.