Fırat Özdemir,Ali Korkmaz
10 Февруари 2023•Ажурирај: 12 Февруари 2023
КАХРАМАНМАРАШ (АА) - Уште едно лице е спасено од под урнатините на зграда во Кахраманмараш, 108 часа откако разорни земјотреси ги потресоа јужните делови на Туркије, известува „Анадолу“.
Припадници на Противпожарната единица од Бурса, од под урнатините на урната четирикатница го извлекоа 31-годишниот Неџип Нануа, со потекло од Сирија.
Акцијата за спасување на Нануа траеше околу пет часа.
За жал, едногодишното дете кое се наоѓало под истата урнатина, не е спасено.
Под урнатините се пронајдени 7 безживотни тела од исто семејство.
Два разорни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер, во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш, а бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите за претрага и спасување на луѓето заробени под урнатините на зградите.
Бројката на смртно настрадани се зголеми на 18.991, а бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат во акциите на претрага и спасување на заробените под урнатите згради.
Најмалку 3.384 лица загинаа, а 5.245 се повредени и во Сирија, по серијата земјотреси со епицентри во турската област Кахраманмараш, кои го потресоа регионот.