Sertaç Bulur
24 Јануари 2020•Ажурирај: 25 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Во операции, раководени од Анкара, во вкупно девет турски градови против тајното структурирање на терористичката организација ФЕТО во турската полиција, фатени се 40 од 50-те осомничени против кои е донесена одлука за приведување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според добиените информации, полициските тимови открија дека 50 поранешни полициски службеници кои претходно биле истерани од работа, вршеле активности на тајно структурирање на ФЕТО во полицијата.
Според тоа, во рамки на операциите извршени во Анкара, Коња, Газиантеп, Кајсери, Адијаман, Адана, Трабзон, Јозгат и Бурса, приведени се 40 осомничени.
Во тек се операциите за фаќање на останатите осомничени кои се во бегство.
Осомничените фатени во другите градови ќе бидат донесени во Анкара.