İbrahim Uzun
24 Март 2017•Ажурирај: 24 Март 2017
АЈДИН (АА) – Потона гумен чамец кој превезувал бегалци, кои по илегален пат се обидувале преку Кушадаси да преминат на грчките острови, при што се удавија 11 лица, а 8 се спасени, јавува Anadolu Agency (AA)
Според соопштението од крајбрежната стража, по дојавата во 13:57ч. дека потонал гумениот чамец, два безбедносни крајбрежни хелихоптери и 3 крајбрежни безбедносни бродчиња беа испратени на местото на настанот.
Како резултат на активностите на истрага и спасување, пронајени беа единаесет мртви тела, а осум лица беа спасени.
Спасените лица информирале дека, на чамецот имало вкупно 22 лица, по што продолжија активностите за барање на уште три лица.