Büşra Nur Çakmak
15 Јули 2026•Ажурирано: 15 Јули 2026
Првата дама на Турција, Емине Ердоган, изјави дека спречениот обид за државен удар на 15 јули 2016 година ги симболизира непоколебливата храброст и отпорот на турскиот народ, оддавајќи им почит на оние што ја бранеа демократијата, пренесува Анадолу.
Во објавата на турската платформа за социјални мрежи NSocial, по повод Денот на демократијата и националното единство, под хаштагот #ПобедатаЕНаша, Ердоган истакна дека 15 јули „е името на отпорот што се издигна од татковината и на непоколебливата храброст“.
„Таа ноќ нашите херои, кои со своите срца станаа светлина против темнината, станаа гласот на националната волја и чесните бранители на нашата независност“, рече таа.
Првата дама истакна дека борбата и жртвите направени за заштита на демократијата ќе „живеат засекогаш во сеќавањето на нашиот народ“.
Исто така, таа им оддаде почит на оние што ги загубија животите и на повредените за време на неуспешниот обид за државен удар.
„Со милост се сеќавам на нашите благородни шехиди што ја напишаа епопејата на 15 јули и со благодарност и признание им оддавам почит на нашите херојски ветерани“, рече таа.