Arife Yıldız Ünal
03 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
АНКАРА
Првиот воз што ќе превезува стока за извоз од Турција во Кина, утре тргнува од Истанбул, известува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението што го објави Турската државна железница, покрај првиот транзитен воз кој од Кина во Европа пристигна во ноември 2019 година, на трасата од Кина кон Турција и Европа успешно беа спроведени 10 железнички композиции. Овој пат првиот воз од Турција кон Кина со стока за извоз тргнува утре од Истанбул.
Адил Караисмаилоглу, министерот за транспорт и инфраструктура на Турција, утре во 12:00 часот од железничката станица Казличешме ќе го испрати возот кој треба да помине низ преминот Мармарај под Босфор.
Извозната железничка линија Турција - Кина има долга траса. Во рамките на Турција минува низ станиците Истанбул (Мармарај - Ќосеќој - Анкара - Сивас - Карс, а од станицата Ахилкелек преминува во странство.
На меѓународната траса, возот своето патување го продолжува во Грузија - Азербејџан - поморскиот премин на Каспиското Море - Казахстан и Си’ан во Кина, траспортирајќи бела техника (фрижидери) во вкупно 42 контејнери.
Возот, чие сообраќање се спроведува во соработка на Турската државна железница за транспорт и „Пацифик Еуроазија“, официјалната „компанија шпедитер“, ќе измине пат од вкупно 8.693 километри, минувајќи низ два континента, две мориња и пет држави, а својот товар ќе го достави во Кина за 12 дена.