Aida Cako
29 Октомври 2025•Ажурирај: 30 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) – Небото над Фетије во турската област Мугла беше украсено со редок природен феномен - облаците маматус, кои се појавија по краткиот дожд и засветеа на последните зраци од зајдисонцето, јавува Анадолу.
Овие необични облаци во форма на „џебови“ се формираат под основата на поголем слој облаци, обично кумулонимбус, а резултат се на движењето на студениот воздух надолу во потоплите слоеви на атмосферата.
Според метеоролозите, облаците маматус се појавуваат ретко, најчесто по интензивни бури, а често се сметаат за најава на смирување на временските услови по нестабилен период.