Serhat Buğra Şenkökcü,Mustafa Özcan
11 Февруари 2016•Ажурирај: 15 Февруари 2016
БАЛИКЕСИР (AA) – Пелан Хусеин (20), кој спасувачите на турската крајбрежна стража го спасиле пред три дена во Егејско море, рече дека со саати се придржувал за "нос" на потонатиот брод и загубил секоја надеж кога при крај на губење на сила и свест видел хеликоптер и турските војници кои приоѓаат да му пружат помош.
Мал брод со околу 40 мигранти во понеделник потона во водите на Ердемит, заливот во Егејско море при обидот од Турција да прмине на соседните грчки брегови. Спасувачките екипи спасиле четири мигранти и од водите извлекле 27 тела на потонатите, меѓу кои имаше и 11 деца.
По доаѓањето на спасувачките тимови приметено е 20-годишното момче Хусеин како се придржува за "носот" на бродчето кое тоне барајќи помош. Еден од спасувачите се спушти под јажето од хеликоптерот и му пружи помош, а тоа драматично спасување на сириецот Хусеин го сними камерата на спасувачот Тунџај Џејлан.
Хусеин моментално се наоѓа во жандармерискиот прифатен центар во Алтинок, каде за своето драматично искуство разговараше со новинарот на Anadolu Agency (AA) и истакна дека се чувствува добро откако турските лекари му ја укажаа потребната помош.
„Ме спаси турскиот војник. Во тие моменти не можев да верувам дека сум спасен. Тогаш беше исчезната секоја надеж и се помирив да починам. Само ние четворицата преживеавме. За врвот на бродот кој тоне се придржував од околу три часот наутро до 12 часот кога стаса помошта. Родителите ми живеат во Ирак, а на патот кон Германија тргнав со пријател кој се задави. Не познавам други кои страдале. Никој од нас нема лични документи и не можеме да најдеме работа. Морам да му се заблагодарам на турскиот претседател Ердоган, на турските војници и целата Турција на се што прави за нас Сиријците. Тука сите се добри кон нас. Желба ми е еден ден да се вратам во родната Сирија, а сега би сакал да стапам во контакт со пријателот кој живее во Истанбул", раскажа 20-годишниот Хусеин.