Elvır Hodzıc
10 Февруари 2023•Ажурирај: 11 Февруари 2023
ХАТАЈ (АА) - Снимката направена со дрон на репортерската екипа на „Анадолу“ најдобро ги прикажува драматичните размери на последиците и штетите кои разорните земјотреси ги предизвикаа во турскиот град Хатај, сместен во јужниот дел на земјата, известува „Анадолу“.
Два разорни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер, во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш, а бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите за претрага и спасување на луѓето заробени под урнатините на зградите.
Една од десетте турски области кои се најтешко погодени во разорните земјотреси е Хатај, а снимката направена од воздух ги прикажува апокалиптичните сцени и бројните спасувачки и амбулантни екипи кои вредно работат во акциите на претрага и спасување на погодените од земјотресите
„Најмалку 18.342 лица загинаа, а 74.242 се повредени по двата силни земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије, а кои се окарактеризирани како катастрофа на столетието“, потврди турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).