Muhammed Nuri Erdoğan
03 Март 2020•Ажурирај: 04 Март 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу изјави дека бројот на мигранти кои ја напуштија Турција преку Едрене изнесува 130.469, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Сулејман Сојлу, на својот Твитер профил ги сподели најновите информации за бројот на мигрантите кои преминаа во Грција.
„Преку Едрене 130.469 мигранти ја напуштија Турција“, истакна министерот Сојлу.