Esra Ağaçyetiştiren
20 Декември 2023•Ажурирај: 22 Декември 2023
АНКАРА (АА) - Изложбата за борбата на народната хероина Шерифе Баџи (сестра Шерифе), подготвена од студентите на Факултетот за арт и дизајн на Универзитетот „Хаџи Бајрам Вели“ со кукли од трагакант (природна гума), беше отворена во универзитетскиот кампус Ѓолбаши, известува Анадолу.
Изложбата е подготвена по повод 100-годишнината од формирањето на турската Република, а именувана е по Шерифе Бачи, народна хероина што замрзнала од студ на патот од Инеболу до Кастамону носејќи муниција за време на Војната за независност на Туркије. Приказната за Шерифе Баџи е раскажана со кукли изработени од трагакант и со игра на сенки на куклен театар.
Изложбата ќе биде отворена до 26 декември.
Проректорот проф. д-р Фулја Бајрактар во разговорот со новинарот на Анадолу се осврна на големата улога на жените во Војната за независност на Туркије.
Наведувајќи дека сестра Шерифе и другите од нејзината група ја натовариле муницијата од Инеболу и ја однеле во Анкара, Бајрактар нагласи дека изложбата е важна од аспект на прикажување на придонесот на жените во Војната за независност на Туркије и нивната улога во одбраната на татковината по цената на нивните животи и животите на нивните деца.
Таа информира дека изложбата во Анкара е седма изложба, а првата е отворена во Инеболу. Исто така, истакна дека изложбата ќе продолжи и во другите провинции на Туркије.