Sinan Uslu
03 Јули 2022•Ажурирај: 04 Јули 2022
АНКАРА (АА)
– Синан УСЛУ
Претседателот на Комисијата за надворешни работи при турскиот Парламент, Акиф Чагтај Килич, зборувајќи во врска со меморандумот потпишан меѓу Туркије, Шведска и Финска, изјави дека неспроведувањето на меморандумот од страна на Шведска и Финска би чинело многу повеќе отколку неговото спроведување, пишува Агенција Анадолија (АА).
Килич во разговор со новинарот на АА го коментираше меморандумот потпишан меѓу Туркије, Шведска и Финска за процесот на членство на Шведска и Финска во НАТО.
Наведувајќи дека Шведска и Финска поднеле барање за членство во НАТО, Килич рече дека во последната фаза од дипломатскиот процес, што започна откако двете земји ја смениле својата политиката на неутралност по започнувањето на руско-украинската војна, го потпишале меморандумот на Самитот на НАТО во Мадрид.
Потсетувајќи дека министрите за надворешни работи на Туркије, Шведска и Финска потпишале меморандум за разбирање, Килич наведе дека со тој меморандум ПКК повторно е ставена на дневен ред како терористичка организација и тоа е евидентирано во записникот.
Зборувајќи дека е јасно договорена борба против терористичката организација ПКК и нејзиниот огранок ПЈД/ЈПГ, Килич рече:
„Она што е најважно е дека ФЕТО за првпат е споменат како терористичка организација во еден меѓународен документ.“
Тој подвлече дека со потпишувањето на меморандумот се дадени одредени ветувања.
„Доколку не се придржуваат до тие обврски, жал ми е, но тоа би значело дека не можеме да ви веруваме во ветувањата или договорите кои ги правиме. Неспроведувањето на меморандумот би чинело многу повеќе отколку неговото спроведување, бидејќи довербата ќе биде загубена, вашите зборови нема да имаат смисла. Ќе следиме дали дадените гаранции во пишан облик се исполнети во рамките на договорот“, рече Килич.