Ali Rıza Akkır,Sabri Kesen
29 Јули 2022•Ажурирај: 31 Јули 2022
МУГЛА (АА) – Противпожарните екипи успеаја да го стават под контрола шумскиот пожар кој избувна денес во турскиот туристички дистрикт Мармарис, во западната област Мугла, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пожарот од сѐ уште непознати причини избувнал во шумскиот локалитет Турунч, а огнената стихија поради ветерот брзо се прошири и стигна до објектите.
Противпожарните единици при Регионалната шумска управа во Мугла брзо реагираа и во гаснењето на пожарот користеа противпожарни хеликоптери.
Гувернерот на Мугла, Орган Тавли, соопшти дека пожарот е ставен под контрола и дека пожарникарите продолжуваат со гаснење на опожарените места кај кои повеќе не постои закана од ширење.
Тавли рече дека во пожарот нема настрадани.
Пожарот го зафати и во голема мера го оштети хотелот на Универзитетот „Ситки Кочман“ во Мугла, а спасувачките екипи навремено ги евакуираа луѓето од објектот. Изгореа и поголем број автомобили.