Sertaç Bulur
06 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, соопшти дека во Измир е разбиена наркобандата „Алабајлар“, која ги координирала дилерите на дрога на улиците и дека се притворени 59 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сојлу во објавата на својот профил на Твитер потврди дека во Измир е разбиена уште една наркобанда.
Турскиот министер истакна дека во полициската акција приведени се вкупно 59 лица.
„Како резултат на едногодишно следење на наркобандата „Алабајлар“, која ги координира уличните продавачи... 59 приведени... Нашата благодарност до Одделот за наркотици, полицијата во Измир и до судските власти...“, порача министерот Сојлу.
Осомничените беа приведени под обвинение за вмешаност во основање и управување со наркобанда и за трговија со дрога.