Cankut Taşdan
10 Јануари 2022•Ажурирај: 11 Јануари 2022
АНКАРА
Турската полиција денес заплени над 16.000 историски артефакти во главниот град Анкара, велат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупно 16.398 антички монети и 399 парчиња накит беа конфискувани кога полицијата во акција против шверцот запрела возило во населбата Мамак по дојава“, рекоа изворите кои сакаа да останат анонимни поради ограничувањата да зборуваат за медиумите.

Возачот, кој е уапсен, по полициските процедури ќе биде испратен во локалната судница.
Историските артефакти, за кои е откриено дека припаѓаат на византискиот, римскиот, селџучкиот и отоманскиот период, ќе бидат доставени во Музејот на анадолските цивилизации во Анкара.