Burak Bir
28 Октомври 2019•Ажурирај: 28 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Вкупно 20 лица се приведени денеска во Анкара поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Безбедносен извор, кој зборуваше под услов на анонимност, изјави дека осомничените, сите странски државјани, биле уапсени од страна на припадниците на полицискиот Оддел за борба против тероризмот во Анкара.
Над 300 луѓе се убиени во напади во Турција за кои одговорност презеде ДЕАШ, каде што цел на терористичката организација во последните неколку години во нејзините самоубиствени и вооружени напади се цивилите.
Турските безбедносни сили се вклучени во долгорочна кампања за спречување на нападите на ДЕАШ.