Hatice Vildan Topaloğlu
29 Април 2016•Ажурирај: 30 Април 2016
ХАТАЈ (АА) - Дваесет и пет амбулантни возила, донирани од страна на Турската хуманитарна организација "Biz Ummetiz" беа испратени во Сирија вчера од јужната провинција Хатај, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбулантните возила, набавени од страна на платформата "Biz Ummetiz" во соработка со 50 различни невладини организации, беа донирани во присуство на Ваџих Џума, министерот за здравство во привремената сириска влада, назначен од страна на опозициската група Сириска Национална Коалиција со седиште во Газиантеп, Турција.
Џума за Anadolu Agency изјави дека амбулантните возила ќе им бидат доделени на болниците и на единиците за цивилна заштита.
Посочувајќи дека медицинската опрема е круцијална за Сирија, Џума рече дека „масакрот во Сирија продолжува. Турција секогаш нè поддржуваше за секое прашање. Додека едни го убиваат сирискиот народ, турската држава и турските добротвори се обидуваат да нè одржат во живот. Господ да ги благослови.”
Сирија е втурната во брутална граѓанска војна од 2011 година, кога режимот презеде остри мерки против про-демократските протести.