Mümin Altaş,Merve Yıldızalp
23 Октомври 2023•Ажурирај: 24 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Хуманитарната помош, главно медицински материјали што Туркије ги испраќа во Газа, со авион на Турските воздухопловни сили на пристигна во Египет, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Туркије.
Министерството соопшти дека се планирани четири летови за испраќање помош во регионот, и дека првиот авион со помош од главниот град Анкара пристигнал во Египет.
Од друга страна, министерот за здравство на Туркије, Фахретин Коџа, соопшти дека авионот содржи медицински материјали, медицинска опрема, лекови и генератори.
Коџа нагласи дека помошта преку копно ќе биде пренесена од Египет во Газа.
„Нашата хуманитарна одговорност не завршува тука, таа ќе продолжи“, додаде Коџа.