Sarp Özer
22 Април 2023•Ажурирај: 23 Април 2023
КАЈСЕРИ (АА) - Турските сили денес неутрализираа уште тројца терористи, со што во последните 4 дена во северните делови на Ирак и Сирија се неутрализирани вкупно 211 терористи на ПКК, изјави министерот за одбрана на Туркије, Хулуси Акар, известува Анадолу.
Акар престојува во турскиот град Кајсери, а во текот на посетата зборуваше за борбата против тероризмот.
„Утрово добивме уште една вест. Тројца терористи се неутрализирани од страна на нашите сили во регионот Зап, на северот од Ирак“, рече Акар и продолжи со зборовите:
„Со тоа, бројката на неутрализирани терористи во последните 4 дена се зголеми на 21. Се надеваме дека оваа борба ќе продолжи сè додека не се увериме дека во потполност се безбедни нашата граница и нашата нација. Одлучни сме и способни сме за тоа.“
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, ЕУ и САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.