Zehra Nur Düz
13 Мај 2019•Ажурирај: 14 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, ја повтори посветеноста на Вооружените сили на земјата во заштитата на суверенитетот, независноста, правата и законите на нацијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашата цел преку воените вежби е да покажеме дека Турските вооружени сили (TSK) се крајно одлучни, посветени и способни во обезбедувањето на безбедноста, суверенитетот, независноста, поморските права на Турција“, истакна Хулуси Акар пред почетокот на најголемата воена вежба на територијата на Турција „Морски волк 2019“ (Denizkurdu), која започна денес.
Во вежбата која ќе трае до 25 мај во водите на Источниот Медитеран, Егејското и Црното Море, вклучени се околу 131 воен брод, 57 воени авиони и 33 хеликоптери.
„Овие активности се следат внимателно не само во рамките на земјата, туку и од нашите странски колеги“, додаде Акар.
Тој ја нагласи одлучноста на Турција во борбата против тероризмот дома и во странство.
„Ги преземаме сите потребни мерки за заштита на правата и законите на нашата земја во Егејското Море, Источниот Медитеран и Кипар“, рече турскиот министер за одбрана.